четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со криминал и корупција не се оди во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Со криминал и корупција не се оди во ЕУ

Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација. Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување, се вели во партиското соопштение на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници. Затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија. Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените. Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата, истакнуваат од опозицската партија.

Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев. На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата, велат од опозицијата.

Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.