среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 187
home Вести

„ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставниот суд да не може на погодените семејства да им се исклучува струјата, тоа е злоупотреба на монополската позиција на ЕВН толерирано од Владата“

„ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставниот суд да не може на погодените семејства да им се исклучува струјата, тоа е злоупотреба на монополската позиција на ЕВН толерирано од Владата“

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија, со целосно внимание се осврна кон прашањето за дискриминаторскиот однос од страна на Универзалниот снабдувач на електрична енергија и Владата која не презема ништо кон граѓаните со самоволното исклучување на струјата кон домаќинствата за неплатени сметки за струја, ова од денешниот протест од пред Регулаторната комисија го истакна Стојанче Геровски.

-Тоа значи, Власта преку политизираната Регулаторна комисија дозволи покачување на цената на струјата, што подразбира поскапи сметки а посиромашен народ, згора на тоа кршејќи го Уставот се дозволува неограничено исклучување на струја со што особено се погодени најзагрозените категории граѓани. Ваквиот дискриминирачки однос произлегува од Уставните гаранции кои експлицитно го забрануваат монополскиот однос, но и дискриминирачкиот однос по било која основа. Уставно загарантирано начело е дека било која штета, или било кој долг се докажува и се утврдува исклучиво и единствено преку легитимна судска постапка пред редовен и надлежен суд. Со самоволното исклучување на струјата од страна на Универзалниот снабдувач на електрична енергија, оваа институција самоволно и без никаков акт на надлежен орган, самата себе се става во позиција на извршител, наметнувајќи товари кон граѓаните кои се апсолутно недозволени. Сето ова е дозволено од Владата и одговорните институции, вели Геровски.

Тој додава на таа основа, ВМРО-ДПМНЕ подготви иницијатива за утврдување на неуставност на ваквите одредби, со целосни уставни и законски образложенија за неодржливоста на ваквите одредби, но, истовремено, Иницијативата е поткрепена и со ставови на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со ставови на Уставните судови од регионот и веќе донесени пресуди од нивна страна.

-Што значи ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставниот Суд, темелена на европски искуства и воведена практика во повеќе земји од Европа, а во насока на помош и заштита на стандардот на граѓаните за оневозможување исклучување од струја каде најпогодени се социјално ранливите категории на граѓани. Голем дел на семејства се исклучени од струјата, а дополнително отежнувачки фактор е и поскапувањето цена на струјата. Тоа преставува злоупотреба на монополот на универзалниот снабдувач на електрична енергија. Токму во делот на посочување на уставните, а потоа и законските одредби кои го прават ваквото постапување недозволено, а потоа и посочувањето на судската пракса во овој дел, како и посочување на уставните ставови од регионот, цениме дека Уставниот суд на Македонија легитимно ќе застане во заштита на човековите права и конечно ќе стави крај на ваквото монополско однесување кон граѓаните на Република Македонија, вели Геровски.

Коронавирус