вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 145
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ СО ФАКТИ НА ДЕНОТ: Македонија загуби 19 илјади нови вработувања, Заев го штити Курто Дудуш, Шилегов платил за чистење снег, а снегот го нема…

ВМРО-ДПМНЕ СО ФАКТИ НА ДЕНОТ: Македонија загуби 19 илјади нови вработувања, Заев го штити Курто Дудуш, Шилегов платил за чистење снег, а снегот го нема…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста откри неколку факти во врска со власта која е во заминување.

Факти на денот:

  1. Република Македонија во изминатиов период пропушти шанса да отвори нови работни места преку привлекување странски инвестиции. Државата загуби 19.000 нови директни вработувања и стотици милиони евра инвестиции Странските инвестиции наместо во Македонија завршија во Србија, Бугарија и Албанија.
  2. СДСМ и Зоран Заев директно го заштитуваат Курто Дудуш во сите негови насилства, киднапирања, претепувања и катастрофално однесување. Поради ваквите корелации помеѓу коалиционите партнери и Зоран Заев граѓаните стравуваат за сопствената сигурност.
  3. Според член 131 став 12 од Законот за одбрана забрането е изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост. Радмила Шекеринска објави видео материјали на партискиот канал, кој не смее да објавува вести поврзани со министерствата.
  4. СДСМ објави видео во кое наводно го предупредува народот дека доколку се врати ВМРО-ДПМНЕ ќе биде иста ситуацијата како пред 25 години. Христијан Мицкоски одговори дека 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони. Тоа беше нивното време пред 25 години.
  5. Државната компанија за само 20 месеци распишала два тендери и склучила договори за набавка на коцкарски апарати во вредност од 14.000.000 евра. Првата набавка е направена на 16.04.2018 година и е во висина од 7.422.200 евра. Втората набавка е направена пред не цел месец, на 02.01.2020 година и е во вредност од 6.548.500 евра. Вкупната вредност е, како што кажав 14.000.000 евра. Коцкањето стана главна занимација на оваа Влада.
  6. Платени се 4 милиони евра од страна на МВР кон „Веридос“, што јасно покажува дека е прекршен член од рамковната спогодба. Зошто е прекршен тој член од рамковната спогодба, која исто така е потпишана пред да има избор на носителот на набавката? За сето ова мора некој да одговара. Ова е сериозен случај каде што има сериозни индиции на криминал.
  7. 64.900.000,00 денари е договорот кој Петре Шилегов го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за оваа и наредната зима. Иако во Скопје оваа година не видовме снег, сепак за “чистењето” Шилегов искеширал околу 500.000 евра.
  8. Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата во изборни цели. Ја нарекуваа трома администрација, а сега ја полнат и ја партизираат без срам. Ова е класичен пример за предизборен поткуп.
  9. СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија.
  10. Локвенец изјави: „ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад. Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозува нашето понатамошно и полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.“ На тоа ЕУ потврди дека промената на името никогаш и не била услов за Македонија, а недобивањето на датумот го оправда со вистината за неизвршените реформи од Заевата Влада.
  11. На првиот училишен ден од второто полугодие децата што посетуваат целодневна настава во основните училишта низ скопски Аеродром останаа гладни. до кога учениците ќе седат гладни, и дали и со храната ќе се повтори истото како со чекањето на униформите што траеше со месеци?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус