понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со четвртиот пакет на мерки не се опфатени ниту студентите, ниту учениците

ВМРО-ДПМНЕ: Со четвртиот пакет на мерки не се опфатени ниту студентите, ниту учениците

Со СДСМ и Зоран Заев на власт македонската економија е пред целосен крах, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Илија Николовски.

Четвртиот пакет на антикризни мерки со кои се фали СДСМ и Зоран Заев е целосно фијаско.

Наместо СДСМ да држи празни прес конференции да се потсети дека искористеноста од трите сета на антикризни мерки е само 50 проценти, што значи владата и Заев немаат план за спас на економијата и стопанството туку план за пропаст.

Граѓаните не забораваат ниту дека со третиот сет на мерки единствен бенефит имаа фирмите на Заев и Нина Ангеловска каде наместо парите да завршат кај граѓаните, парите завршија кај фирмите на Ангеловска и Заев.

Со четвртиот сет на мерки не се опфатени ниту студентите, ниту учениците што е целосно разочарување.

Јавноста е сведок додека фирмите на мафијашот Заев прават милионски суми, граѓаните и стопанството оди во пропаст.

Заев не го интересираат проблемите на граѓаните, додека бројот на невработени се зголемува, додека Македонија влегува во задолжничка криза, додека фирмите се на работ на преживување Зоран Заев изјавува дека неговиот план е да ги остави фирмите да пропаднат.

Зоран Заев мора да замине. Заев нема решение за проблемите. Заев е проблемот, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус