недела, 28. мај 2023. Вести денес: 88
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот со поткупот во МВР не смее да заврши само со одговорност на најблискиот соработник на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот со поткупот во МВР не смее да заврши само со одговорност на најблискиот соработник на Спасовски

Скандалот со поткупот во МВР не смее да заврши само со одговорност на најблискиот соработник на министерот Оливер Спасовски. Истиот соработник на Оливер Спасовски кој сега е приведен за поткуп, беше форсиран од страна на СДСМ во преговорите од Пржино, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста чека одговори уште во колку случаи неморалниот, криминоген службеник барал поткуп? Зошто истиот беше форсиран и фаворизиран од страна на Оливер Спасовски? Кој го поставуваше на најодговорни позиции? Време е да запре лицемерието и да се преземе одговорност во врска со овој случај, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.