петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Системот се распаѓа, а граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи

ВМРО-ДПМНЕ: Системот се распаѓа, а граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи

Системот се распаѓа, а граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравството веќе не може да одговори на потребите на граѓаните, а СДСМ се фали како Заев си танцува со пандемијата.
Лошото менаџирање со кризата, со секој изминат ден зема се повеќе жртви. Сите сме загрозени. Сите сме во опасност, а танчерите Заев, Спасовски и Филипче, живеат во паралелна реалност и се фалат како блескаво танцуваат. Неспособноста на владата предводена од СДСМ да се справи со корона вирусот од ден на ден резултира со се повеќе заболени и починати лица. Од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица и меѓу медицинскиот персонал. Станува збор за повеќе од 20 проценти од медицинските лица кои се заболени во болнички или амбулантски услови. Заболени се медицински лица од здравствени установи низ цела Македонија, како Скопје, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар. Медицински лица има и во самоизлоација. Меѓу нив се 14 од штипското инфективно одделение кои превентивно се во самоизолација, како и десеттина вработени во епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека медицинскиот кадар е десеткуван, а главниот удар допрва се очекува! Сега е време да се заштитат медицинските работници за што предлагаме:

1.Веднаш да се обезбеди соодветна опрема преку централна набавка со цел да се има увид дали има доволно опрема за медицинските лица.
2. Да се стартува со тестирање на поголем број на лица, а пред се на здравствените работници.
3. Потребно е да се побара помош од сите држави и меѓународни институции кои можат тоа да го направат.
Не е време за себепромоција.
Не е време за популизам.
Нема време за чекање.
Време е за мерки кои треба да се спроведат веднаш!
Време е за ефикасно справување со корона вирусот!
Не доцнете повеќе, ако треба помош ВМРО-ДПМНЕ е тука.

Коронавирус