среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Што содржи нон пејперот кој Бучковски го предал на Софија? Без јасен државен став за ова прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Што содржи нон пејперот кој Бучковски го предал на Софија? Без јасен државен став за ова прашање

Премиерот во заминување Зоран Заев, Османи, Димитров и цела влада молчат и не даваат одговор што содржи нон пејперот кој што Бучковски го дал во Софија. Дали тој документ содржи понуди за пазарења со македонскиот идентитет, јазик и народ? Дали во овој документ се  одобруваат негаротските позиции на Софија, бидејќи Заев рече дека се блиску до договор, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Патем кој го овластил Бучковски и како е утврдена содржината на нон пејперот, затоа што власта бега како ѓавол од темјан од собранието и собраниската расправа, местото кај што треба да се изградат клучните национални позиции за вака сериозни прашања. Вака без изграден национален став, Бучковски може само во име на СДСМ да остварува посети и да дава предлози на официјална Софија и да биде партиски емисар на Заев. Никој веќе не му верува на Заев во неговиот лажен патриотизам, бидејќи после лагите за жицата и колнењето во најмилите, а особено после срамното интервју,  го изгуби секој легитимитет, велат од партијата.

Додаваат дека Заев станува кочница на Македонија. Неговата оставка е единственото кое што народот, па дури и членството на СДСМ ја очекува, за Македонија да излезе од ќорсокакот во кој ја донесе Македонија. Лагите , ветувањата и концесиите кон Бугарија народот не ги прифаќа.

-Затоа Оставка на Заев, слобода на народот, стои во партиското соопштение.

Најнови вести

Локални избори 2021