понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 78
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Штип: Спорниот тендер за готови оброци во Клиничката Болница во Штип крие многу спорни детали

ВМРО-ДПМНЕ Штип: Спорниот тендер за готови оброци во Клиничката Болница во Штип крие многу спорни детали

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска соопшти дека спорниот тендер за готови оброци во Клиничката Болница во тој град крие уште многу спорни детали.

Членот на Извршниот комитет на таа партија и претседател на Општинскиот комитет, Иван Јорданов вели дека ако се направиме анализа на цените по склучениот договор, на само пет комерцијални производи од менито, ќе се утврди разликата меѓу цената по договорот и малопродажната цена.

  ЦЕНА ПО
ДОГОВОР
ЦЕНА
СПОРЕД
ДОГОВОР
ИЗРАЗЕНА
ВО КИЛОГРАМИ
ЦЕНА ВО
МАЛОПРОДАЖБА
ПРОЦЕНТ НА
ПОВИСОКА ЦЕНА
ПО ДОГОВОР
ЛЕБ
120 гр.
7,93 66 денари за килограм 40 денари за килограм 65%
МЛЕКО
200 мл.
23,78 120 денари за литар 40 денари за литар 197%
ЈОГУРТ
200 мл.
23,78 120 денари за литар 60 денари за литар 100%
ЈАЈЦЕ
1 бр.
8 6 33%
КИФЛА
120 гр.
31,71 15 111%

Според него, очигледна е разликата меѓу цената по договор и реалната малопродажна цена на производите на пазарот.

-Кој изгуби, а кој доби од овој неквалитетен и скап тендер? Дали цените се формирани за задоволување на нечии лични интереси? Зарем пациентите од Истокот заслужуваат СДСМ вака да ги троши нивните пари?, праша Јорданов.