недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Штип: СДСМ со лаги и манипулации се здоби со правото да управува со парите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ Штип: СДСМ со лаги и манипулации се здоби со правото да управува со парите на граѓаните

Сите ги паметиме ветувањата на актуелниот Градоначалник дека доколку дојде на власт, тој ќе работи само на капитални проекти. Меѓутоа, една година после стапувањето на функција, не само што не покажува конкретни резултати и нема капацитет да ги заврши почнатите проекти, туку на подмолен начин ги крати средствата за капитални инвестиции во Општина Штип, ова преку пресконференција денеска го истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

-На денешната седница на Совет на Општина Штип, ќе се разгледува одлуката за ребаланс на Буџетот, каде што инвестициските вложувања и трошоците во локалната инфраструктура се намалуваат за дури 50%. Од друга страна пак, се зголемуваат ставките за блок дотации за плати. Не треба да сте економисти, за да сфатите дека оваа власт го зголемува бројот на вработени во јавната администрација, ги ослабнува институциите со вработување на партискиот кадар, притоа трошејќи народни пари, потенцира Јорданов.

Тој додава дека лагите, манипулациите, нереалните ветувања за инвестициски бум, за подобрување на условите за живот од страна на оваа локална власт излегуваат на виделина.

Оваа власт, со лаги и манипулации, со нереални ветувања, се здоби со право да управува со нашите пари, без да води сметка за благосостојбата на граѓаните.

Коронавирус