петок, 17. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали со претоварен центар за отпад направен од неговиот претходник

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали со претоварен центар за отпад направен од неговиот претходник

Градоначалникот Петре Шилегов е во мртва трка со неговиот шеф Зоран Заев во тоа кој повеќе безочно ја лаже јавноста и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лага прва. Денес Шилегов кажа дека ЈП Комунална Хигиена поседува само 26 камиони за собирање на смет во Градот Скопје што е нова лага. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена располага со 116 специјални возила за собирање на смет набавени во периодот 2010-2017та година во вредност од пола милијарда денари.Лага втора. Шилегов кажа дека изминатите 10 години не е направено ништо за подигање отпад или миење улици што повторно е нова лага. Вистината е декаво периодот од 2010 до 2017та година  набавени се 2250 садови за одлагање на отпад- пластични контејнери во вредност од 20.411,000 денари, 750 нови метални контејнери во вредност од 13.300,000, инсталирани се подземни контејнери на 40 локации во вредност од 80 милиони денари,  како и 14 подвижни контејнери во вредност од 10.000,000 денари, надградби на возила за прскање  на улици во вредност од над 8.000,000 денари, 60.000 канти за смети и дадени се на домаќинства во вредност од над 50 милиони денари, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во недостиг на сопствени нови проекти Шилегов практично се пофали со проект изработен и реализиран од неговиот претходник, градоначалникот Коце Трајановски.

-Шилегов кажа дека како една од мерките за подобрување на хигиената во градот, претоварниот центар за ѓубре во Карпош 3 ќе биде рециклажен центар за отпад, што е повторна лага. Вистината е дека рециклажниот двор Карпош ниту е изграден сега, ниту почнува од сега да врши селекција и претовар на отпад. Тој постоеше претходно и беше надограден од претходниот градоначалник Трајановски при што се инвестираше во нови содржини со специјални боксови, специјални контејнери за селекција на сите видови на отпад (електронски и отпад од батерии, отпад од пакување- ПВЦ,хартија,лименки, стакло, како и кабаст отпад од домакинства. За ова многу лесно може Шилегов да провери во документацијата на претпријатието, или пак да провери преку едноставно пребарување преку веб содржините на медиумите.  Вистинското промашување е што Шилегов дозволи создавање на депонија и наталожување на отпадот наместо нормално функционирање на претоварниот центар. Инвестицијата која Шилегов ја наследи од неговиот претходник Трајановски во ЈП Комунална Хигиена изнесува 1 милијарда денари. Граѓаните ќе бидат среќни доколку Шилегов стигне до пола од оваа инвестиција со нови вложувања. Петре Шилегов станува плагијат градоначалник кој се фали ссо веќе изработени проекти од неговиот претходник, и градоначалник кој нема ниту еден нов капитален проект, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека згора на тоа тој станува и плагијат на неговиот шеф Зоран Заев, кој практично го превзема лажењето и неработата.

-Ако Заев е во централната власт, Шилегов практично е барон Михаузен помеѓу градоначалниците во нашата држава. Скопјани бараат проекти, скопјани не може да бидат залажувани со маглата и непостоечките проекти на Петре Шилегов, стои во партиското соопштение.

Коронавирус