понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 98
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не се огради и не се извини за навредите на Мирко Попов, дека скопјани се сељаци, за погрдните зборови кон Албанците и дека сите цркви треба да се запалат

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не се огради и не се извини за навредите на Мирко Попов, дека скопјани се сељаци, за погрдните зборови кон Албанците и дека сите цркви треба да се запалат

Петре Шилегов не се огради и не се извини за навредите на Мирко Попов, дека скопјани се сељаци, за погрдните зборови кон Албанците и дека сите цркви треба да се запалат. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува со Мирко Попов кој кажа:  „Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на останатите 700.000. Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува ставовите на Мирко Попов кој кажа: „Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Кога би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од…“. Шилегов на митинг го викна Мирко Попов кој кажа: „Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е дијагноза“. Шилегов не само што ги навредува Скопјани, туку и ги краде, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Петре Шилегов е и градоначалник кој потпишува гломазни договори за чистење снег, кој го нема, а плаќа милиони, наместо да купи механизација за градот.

-Имено 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма. И тоа внимавајте во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво. Шилегов е човекот кој ги навредува Скопјани, но и човекот кој ги ограбува. Шилегов никогаш повеќе, велат од партијата.

Коронавирус