недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 60
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да го избрише чинот дека со багери се обиде да ги гази граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да го избрише чинот дека со багери се обиде да ги гази граѓаните

Недозволиво е насилие врз граѓани кои мирно протестираат и го искажуваат својот став. Обидот да се газат со багер граѓански активисти е одраз слабост и исплашеност на власта од граѓаните и различното мислење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов не може ниту со сто изјави да го избрише чинот дека со багери се обидоа да газат граѓани. Лудилото на Шилегов е одраз на неговата неспособност и  незнаење, повеќе од 10 месеци тој не направи ниту еден проект за Скопје и скопјани, па во паника удира по граѓаните. СДСМ се плаши од граѓаните, бидејќи граѓаните се посилно велат НЕ на нивните политики. Граѓаните му велат НЕ на Шилегов, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека време е Шилегов и СДСМ да си заминат.