недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 68
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Заев наместо да се служат со лаги треба да одговорат во кој џеб завршуваат милионските суми на задолжување на граѓаните и државата

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Заев наместо да се служат со лаги треба да одговорат во кој џеб завршуваат милионските суми на задолжување на граѓаните и државата

Радмила Шекеринска дрско лаже. Таа без срам по којзнае кој пат продолжува да ја манипулира македонската јавност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Радмила Шекеринска.

-Додека Шекеринска од Охрид ветува брда и долини, фактите го говорат спротивното. Република Македонија тоне, наместо да напредува. СДСМ ги излажа граѓаните пред избори. Граѓаните очекуваат 30.000 денари просечна плата, плата од 100.000 денари за докторите специјалисти, покачување на пензиите, социјална помош од 12.000 денари, зголемување, а не намалување на субвенциите на земјоделците, 600 нови километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Наместо просперитет и напредок, овој криминален картел на власт носи само крах на Република Македонија. Картелот на чело со Заев ја клекна економијата на колена. Додека економиите од Европа и регионот бележат енормен раст, Република Македонија бележи стагнација. Платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е се понизок, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата стои и дека Шекеринска и Заев наместо да се служат со лаги треба да одговорат во кој џеб завршуваат милионските суми на задолжување на граѓаните и државата? Зошто Македонија не влезе во НАТО и Европската Унија во првите 6 месеци како што ветуваа во предизборната кампања?

-Шекеринска како министер за одбрана за една година успеа да покаже дека воопшто нема намера да ја унапредува одбраната туку единствено води грижа за нејзиниот личен комодитет. Со вакви погубни политики на криминалниот картел на власт, Република Македонија се носи кон бездна, а не кон ЕУ и НАТО. Време е Шекеринска да ги тргне розевите очила и да ја согледа реалноста, дека граѓаните не живеат подобро. Државата не смее да тоне, СДСМ не може да донесе просперитет, носи само крах. Граѓаните заслужуваат подобро. Република Македонија заслужува подобро, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус