среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и СДСМ спроведуваат целосна партизација на администрацијата во одбраната

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и СДСМ спроведуваат целосна партизација на администрацијата во одбраната

Радмила Шекеринска и СДСМ спроведуваат целосна партизација на администрацијата во одбраната, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во министерството за Одбрана имаме брутално кршење на законите при процесот на унапредување на административните службеници. Според информациите со кои располагаме комисиите добиле списоци на луѓе кои треба да бидат унапредени, интервјуата кои се дел од процесот на селекција се закажуваат за половина час од кога кандидатот ќе биде известен дека му е закажано интервју, а на многу од нив немало елементарни услови за тоа, бидејќи во просторијата имало во исто време присутни повеќе од еден кандидат. На партиски погодните кандидати прашањата им се доставуваат претходно и истите се известени за тоа од страна на високи функционери во Министерството. Комисиите прават се за да не поминат кандидатите кои според партискиот список на СДСМ не се погодни, се наведува во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шекеринска целата одговорност сака да ја фрли на членовите на комисиите за избор затоа што на крај тие ќе треба да го потпишат извештајот од селекцијата.

-Ги повикуваме сите учесници во овој компромитирачки процес да ги почитуваат законите и прописите и во интерес на владеењето на правото да не дозволат нивниот потпис да биде алатка во предизборната кампања на СДСМ. Ако тоа не биде случај ќе мора да се соочат со одговорноста за кршење пропис. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.