вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 50
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека веќе една година живееме во целосно заробена држава.
ВМРО-ДПМНЕ: Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел

Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите кои мислат поинаку, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Сашо Сенков му се погазени сите права и без никаква основа и докази беше политички обвинет од страна на клиентелистичкото обвинителство на СДСМ. Зоран Заев и неговите послушници не ги интересираше ниту здравствената состојба, ниту семејството на Сенков. Ги интересираше само спроведувањето на наредбата за одмазда. Одговорност за ваквото однесување мора да има и ќе има. Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел. Вчера на носилка од судница беше изнесен и Александар Јанески – Тошта. Судот не го интересира ниту неговото здравје, ниту фактите на одбраната, се наведува во партиското соопштение на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека веќе една година живееме во целосно заробена држава.

-Станавме држава во која Зоран Заев иако флагрантно е фатен во кривично дело е ослободен само затоа што е премиер, а во исто време неговите политички противници се осудуваат без докази, само затоа што размислуваат различно од Зоран Заев. Помина една година на политички апсења и прогон. Една година во која е деградирано правото, а неправото стана пракса. Една година СДСМ создава трулеж во општеството. Една година на тортура, апсења, упади и терор. Една година СДСМ е една година кошмар за граѓаните.  Година во која народот се соочува со фактот дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо. Една година како нема повисоки плати, нема повисоки пензии и социјална помош, нема нови 600 километри автопат, ниту 550 километри магистрални патишта. Една година руинирано здравство и земјоделие во хаос. Зоран Заев и картелот кој го води го уништуваа животот на граѓаните, секој ден 365 дена во изминатава година. Овој хаос мора да запре. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус