недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден владата на Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат

ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден владата на Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат

СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети. За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо. Секој ден владата на Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат. Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните за над 317 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија, стои во реакцијата и се додава:

„Освен сиромаштија и колапс на економијата не доби Македонија ништо од СДСМ. Ова е една од низа причини зошто СДСМ мора веднаш да си замине од власта“.