петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ се очекува да стане дел од Центристичката Демократска Интернационала

Центристичката демократска интернационала, во соработка со претставници на сите поголеми  религии, работи и на промовирање на отворени и конструктивен дијалог за да придонесе за соработка во јакнењето на демократијата и економски социјалниот развој на нашите општества во контекст на универзален мир и безбедност .
ВМРО-ДПМНЕ се очекува да стане дел од Центристичката Демократска Интернационала

Според информации од раководстовото на најголемата опозициска партија во Македонија, на самитот на Центристичката Демократска Интернационала во Будимпешта, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да стане дел од оваа угледна светска организација. На самитот во Будимпешта присуствува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Приемот во Центристичката Демократската Интернационала е првиот голем меѓународен успех на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и претставува потврда на симпатиите и поддршката кои ВМРО-ДПМНЕ ги добива од сестринските партии во Европа и светот.

Претседател на ЦДИ е Андрес Пастарана, поранешен Претседател на Колумбија, Генерален Секретар е Антонио Лопез Истуриз кој истата функција ја извршува и во Европската народна партија,  Потпретседатели се, Маријано Рахој актуелниот Премиер на Шпанија, Виктор Орбан актуелен Премиер на Унгарија, Амине Гемајел поранешен Претседател на Либан, Марио Давид од Португалија, додека почесни претседатели се Хозе Марија Азнар-поранешен Премиер на Шпанија и Пиер Фернинандо Касани поранешен Претседател на Парламентот на Италија.

Центристичката Демократска Интернационала е основана во 1961 година под името Светска Унија на Христијани Демократи. Во 1999 година се преименува Центристичката Демократска Интернационала име кое го носи и до ден денес. Интернационалната Централно Демократска Партија спојува политички партии, организации и асоцијации чии политики и акции се водени од христијанството или интегрален хуманизам.

Центристичката демократска интернационала историски е посветена на борбата за човекови права, како што е наведено во документите на Меѓународната конвенција за човекови права, за секој човек низ целиот свет. За ЦДИ, создавањето на Советот за човекови права на Обединетите нации е важен чекор во потрагата по тело кое ќе го олесни вистинскиот дијалог меѓу нациите и транспарентна меѓународна соработка за универзално признатите човекови права.

Центристичката демократска интернационала, во соработка со претставници на сите поголеми  религии, работи и на промовирање на отворени и конструктивен дијалог за да придонесе за соработка во јакнењето на демократијата и економски социјалниот развој на нашите општества во контекст на универзален мир и безбедност .

Организацијата има заложба за унапредување на сите форми на меѓу културен и меѓу верски дијалог, така што секое општество и секоја земја во светот има можност да работи на консолидирање и на меѓусебното разбирање и толеранција како основни принципи. Женското крило пак на ЦДИ кое се залага за еманципација на жените во општеството и поголема вклученост на жените во политиката.

Најнови вести

Коронавирус