петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова преку која ќе се изгради здравство ориентирано кон пациентите

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова преку која ќе се изгради здравство ориентирано кон пациентите

ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира нова владата преку реални мерки ќе се залага да го доближи здравството до граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи зајакнување на дежурните служби и итна медицинска помош. ова значи дека ќе се работи на поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги за граѓаните. Новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи ослободување од административни процедури на матичните лекари. Освен тоа се предвидува континуиран раст и на вредносната капитација кај матичните лекари. ќе се воведе и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури кои сега им одземаат време и пари на матичните лекари. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова преку која ќе се изгради здравство ориентирано кон пациентите. Затоа новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати: Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и тука во јавното здравство; Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата; Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит за пациентот и конечно Нулта корупција во здравството, која што ќе опфати како заклучок Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСM никогаш нема да  се смени, ќе остане партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија.

Најнови вести

Коронавирус