среда, 2. декември 2020. Вести денес: 144
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека гори овој најсветол пламен, ќе живее сонот за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека гори овој најсветол пламен, ќе живее сонот за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита, најсветиот ден во македонската историја, големиот државен празник Илинден.

-На овој голем ден се присетуваме на најголемите македонски херои и револуционерни дејци кои своите животи ги положиле за создавање на независна и суверена Република Македонија. Денеска го чествуваме Денот на Републиката, ден кога во 1903 се кренало големото Илинденско востание, но и првото заседание на АСНОМ од 1944-та година каде се удрени темелите на модерната македонска држава. Илинден е државен празник кој го потврдува континуитетот на вековната македонска борба за независна држава.         Овој голем празник е врежан во срцата на секој Македонец, но и во срцата на сите граѓани на Република Македонија. Денеска го славиме непокорот и победата, денеска им оддаваме почит на сите оние мажи и жени кои го кренаа својот глас против неправдата, ги славиме оние луѓе на кои љубовта кон татковината и слободата им беше поважна од нивните животи, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека додека гори пламенот, ќе живее сонот за Македонија.

-Да се присетиме на Гоце Делчев, на Даме Груев, на Питу Гули на Јане Сандански на сите оние кои своите животи ги положија за Македонија. Да се сетиме и на оние кои беа дел од Народно ослободителната и антифашистичка борба, оние кои ја продолжија борбата на Илиденците. Се додека гори овој најсветол пламен, ќе живее сонот за Македонија. Вечна слава на борците, нека ни е вечна татковината, Република Македонија, порачуваат од партијата.

 

Коронавирус