понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во време на коронавирус троши пари на софтверски лиценци, а 40.000 ученици немаат компјутер

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во време на коронавирус троши пари на софтверски лиценци, а 40.000 ученици немаат компјутер

Владата предводена од СДСМ во време на КОВИД-19 и економска криза потроши фантастични 15.000.000 ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ЗА СОФТВЕРСКИ ЛИЦЕНЦИ
Во време кога постојат БЕСПЛАТНИ Оперативни системи (Linux), бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за Office програми (Open Office, Google Docs, Sheets, Slides,…), Владата предводена од СДСМ во јули 2020 потроши 15.000.000 ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ЗА СОФТВЕРСКИ ЛИЦЕНЦИ, или како што би кажале мнозинството ИТ експерти, ги потроши залудно!

Во време на КОВИД-19 криза, кога 40.000 ученици немаат компјутер или таблет за да следат настава на далечина, Владата нема околу 2.000.000 евра за набавка на Таблети, но има 15.000.000 ЕВРА за софтверски лиценци.

Ова ли се приоритетите со кои Власта ќе ја надмине пандемијата и обезбеди квалитетно образование или очигледно единствената цел им е личниот профит?
За жал оваа Влада предводена од СДСМ никако да престане со недомаќинското трошење на средствата на граѓаните.

Фејсбук статус на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од СДСМ во време на КОВИД-19 и економска криза потроши фантастични 15.000.000 ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ЗА…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Tuesday, September 29, 2020

Коронавирус