понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 54
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лаже граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции!

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лаже граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции!

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо.  Неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори. Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо. Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар. На лагите очигледно им нема крај. Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни проекти, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните знаат кој градеше во Македонија.

-Граѓаните од Република Македонија од СДСМ добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција. Граѓаните ги прочитаа СДСМ, кога и да се изборите овие купишта лаги ќе завршат. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира подобра инфраструктура, повеќе инвестиции, и подобри услови за граѓаните, порачуваат од партијата.

Парламентарни избори 2020