сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине

Заев и СДСМ одат со старите и истрошени кадри на локални избори. СДСМ не нудат ништо ново, туку ги предлагаат истите луѓе кои немаат ниту еден проект, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Љупчо Николовски вчера кажа дека СДСМ за свои кандидати ги предлага: Тони Делков за Неготино, Борче Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Звонко Пекевски за Берово, и Даниел Крстевски за Ранковце. Сите освен Крстевски се актуелни градоначалници кои немаат направено ниту еден проект. Георгиевски вети 5 градинки, а после четири години едвај успева една да заврши, од другите 4 ниту трага ниту глас. Вети и не направи основно училиште, нема ниту нови водоводи и канализации, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат иста е сликата и со Делков, Гулевска и Пекевски. Нема дела, нема проекти, само крадат и прават криминал.

-СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус