петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата деструктивна политика ја оддалечи Република Македонија од евро-атлантските интеграции

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата деструктивна политика ја оддалечи Република Македонија од евро-атлантските интеграции

СДСМ со својата деструктивна политика ја оддалечи Република Македонија од евро-атлантските интеграции. Со криминал и рекет не се оди напред. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради тоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе идентичен закон, кој беше отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името Армија на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

-Претставници на меѓународната заедница порачаa со ова криминално раководство на СДСМ, Македонија не оди напред. Граѓаните заслужуваат подобра иднина. Заслужуваат да се чувствуваат безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус