понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 61
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со партизираниот државен апарат прават притисок врз медиуми под лажниот превез на борба со лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со партизираниот државен апарат прават притисок врз медиуми под лажниот превез на борба со лажни вести

Македонија е повторно најлоша во регионот по медиумските слободи и тоа не е изненадување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На место борба за справување со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата, СДСМ се грижи единствено за својот ПиАр.

Бескурпулозната партизација која што се врши во сите институции, СДСМ посакува да ја спроведе и во Советите на АВМУ и МРТ со една цел која е далеку од реформа – да има целосна партиска контрола врз медиумите, што е далеку од демократија и градење здраво општество.

Во Македонија СДСМ со партизираниот државен апарат прават притисок врз медиуми под лажниот превез на борба со лажни вести, ги делат на провладини или ги прогласуваат за непријатели, судат и гонат новинари за искажан збор и поставени прашања, дискриминираат медиуми преку владината прес служба. И ова е само дел од состојбите.

Владата со најголем број советници креираше стратегија за борба со “вестите од ВМРО-ДПМНЕ” што е јавно кажано од еден од владините стратези што е невиден преседан во демократските општества кон кои се стреми Македонија, а тоа е целосна партизација на медиумскиот простор.

Токму затоа за Македонија е оценето дека владее Хибриден режим, кој што годинава ја преминува границата кон авторитарен еднопартиски режим, се вели од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020