сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 12
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ си поигрува со Арачиновци. По лагата дека ќе вработат 200 пилоти тргнаа во нов поход со нови лаги

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ си поигрува со Арачиновци. По лагата дека ќе вработат 200 пилоти тргнаа во нов поход со нови лаги

СДСМ се врати на местото на злосторот. Граѓаните не забораваат дека СДСМ и Заев  пред три години излажаа во Арачиново дека ќе вработат 200 пилоти. По таа лага денеска без никаков срам одат и ја бараат довербата од тие граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека СДСМ оди помеѓу народот само пред избори само за да добие некој глас повеќе. СДСМ не направи ниту канализација, а не пак некој покрупен инфраструктурен проект. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази, истакнаа од партијата.

Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Додаваат од таму.

Коронавирус