среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните, склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните, склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра

Власта на СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните. Почна да склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра со образложение дека им било итно, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека за ваквата итност и за ваквата аздисаност се плаќаат двојно повисоки цени.

-Овие цени власта на СДСМ не ја загрижуваат бидејќи се покриваат со пари на граѓаните. Затоа бараат начини за да ги покријат ваквите скандали, како милионскиот скандал што го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола. Јавноста целосно е дефокусирана од катастрофалната економска и државна политика на СДСМ, преку монтираните судски процеси на десетици видни општествени дејци, неосновано обвинувајќи ги за тероризам. СДСМ очајно се обидува преку политички прогон и со монтирани судски процеси да ја прикрие неспособноста која секојдневно ја покажува на секое поле од своето владеење, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ целат дека Македонија е заробена држава и е единствената држава во Европа која има политички затвореници.

-Со секој ден поминат во притвор на овие интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци, пратеници Македонија е се по далеку од интеграција во ЕУ и НАТО, по далеку од демократијата и демократските принципи на кои овие две меѓународни организации се базирани. Судот час поскоро треба да го запре овој прогон и да се ослободи од стегите и влијанијата на Зоран Заев и СДСМ. Судиите мора да го почитуваат Уставот и законите, кои ги гарантираат човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став. Притворот на овие лице е неоснован, а аргументите се целосно на страна на неправедно притворените. Новата влада покрај тоа што секој ден не оддалечува од евроатланските институции и нивните принципи ја уназадува државата на во секој поглед. Македонската економија во државата тоне и е пред тотален колапс, а токму на тоа укажуваат и сите макроекономски показатели. Граѓаните се посиромашни, а оние работи кои можеле пред една година да си ги дозволат сега не можат ни да ги замислат. Давачките растат, а платите и пензиите кои во за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ растеа веќе една година стагнираат, стои во соопштението.

Во партиското соопштение се посочува и дека во интерес на државата и граѓаните СДСМ треба да почне да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, реализирање на предизборните ветување кои ги имаа кон гласачите, да работи кон подобрување на економијата која е во очајна состојба и да се откаже од политичкиот прогон.

Најнови вести

Коронавирус