петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 134
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку новиот закон за јавно обвинителство сака да ги заштити криминалите на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку новиот закон за јавно обвинителство сака да ги заштити криминалите на Заев

СДСМ преку новиот закон за јавно обвинителство сака да ги заштити криминалите на Зоран Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДСМ и Зоран Заев најмалку им одговара квалитетно решение на закон за јавно обвинителство, бидејќи по тој закон професионалната и независна институција би требало да не замижува туку да отвара истраги за сите наместени тендери, афери и скандали а криминалците од власта да одговараат за општиот грабеж. Криминалци да одговараат. Зоран Заев знае дека овој пат нема да се спаси со никаква аболиција или амнестија туку ќе одговара за сторениот криминал, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ и Зоран Заев по 12-ти април ќе одговараат за сторените криминали и злосторства.

-Одговорноста доаѓа заедно со обновата. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, порачуваат од партијата.

 

Најнови вести

Локални избори 2021