петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека нема ниту капацитет, ниту идеја како реално да ја придвижи државата напред

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека нема ниту капацитет, ниту идеја како реално да ја придвижи државата напред

СДСМ и Зоран Заев, наместо да работат се посветени на гола реторика и креваат непотребна еуфорија, со цел прикривање на реалната состојба во општеството и економијата, која е катастрофална, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на премиерот Зоран Заев во Собранието на Република Македонија

-Државата доби само враќање на позитивната препорака на ЕК за почеток на преговорите на Република Македонија за  влез во ЕУ, која државата ја добиваше 6 години во низа, за последните 2 да бидат условени, токму заради политичката криза во која ја втурна СДСМ државата. ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на СДСМ не искреира политичка криза и помогна државата да ги исполни потребните реформи. Нивото на реализација на планот 3-6-9, на истекот на 9-от месец беше едвај 50%, по што мораше ВМРО-ДПМНЕ да помогне и работите да тргнат од мртва точка, стои во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ покажа дека нема ниту капацитет, ниту идеја како реално да ја придвижи државата напред. Декларативните заложби на СДСМ не можат да  ја придвижат државата кон ЕУ и НАТО, потребна е реална работа и посветеност. СДСМ покажа дека не знае и не може.

Планот 18 кој сега СДСМ еуфорично го најавува е уште нова колективна хипноза, која има за цел да претстави дека владата нешто работи. Во суштина не работи ништо, велат од опозицијата.

Коронавирус