петок, 29. јули 2022. Вести денес: 18
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи

Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

-За жал, со нив се случи уште една катастрофа. СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност и револтирани родители. Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе денес треба да започне новото пријавување. СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана. Ова е премногу! Време е за избори и време е за промени, се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус