четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ останува дувло на криминалот, Заев покажа дека нема намера да ја реформира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ останува дувло на криминалот, Заев покажа дека нема намера да ја реформира

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе. Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија. Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира.

-Таа останува дувло на криминалот. Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод. СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт, велат од партијата.