петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија- власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија- власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања. Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра. И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо. Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните. Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине, стои во нивното соопштение до јавноста.

Коронавирус