вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 2
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не смее да ги крати правата на вработените кои им се со закон загарантирани

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните кои имаат право на додаток на плата за степен на кариера исто тоа свое право да го остварат и да не потпаѓаат под притисокот на властите.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не смее да ги крати правата на вработените кои им се со закон загарантирани

СДСМ не смее да ги крати правата на вработените  кои им се со закон загарантирани. Вработените во администрацијата кои го стекнале правото на  додаток на плата за степен на кариера до 12.02.2018 имаат статус на веќе стекнато право и имаат право на додаток кој може да го остварат со тужба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ не смее да ги доведува во заблуда вработените. Вработените во администрацијата да не ги потпишуваат овие спогодби, бидејќи не ги гарантираат нивните права. Спогодбите со кои СДСМ ги изнудува административците се ништовни по сила на закон и не поризведуваат никакво правно дејство. Ваквите спогодби не ги обврзуваат потпишаните страни, односно властите не се обврзани да го исполнат предметот на договорот. Овие спогодби само ќе ги спречат вработените во администрацијата да ги остварат своите побарувања на суд, стои во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните кои имаат право на додаток на плата за степен на кариера исто тоа свое право да го остварат и да не потпаѓаат под притисокот на властите.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите кои што ќе извршат противправни дејствија врз вработените и ќе предизвикаат материјална штета која подоцна ќе произлезе од таквите дејствија ќе одговараат согласно закон.

Коронавирус