вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 202
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нападнати од некаков спам ги пуштаат старите соопштенија, за три месеци го задолжија секое семејство за 15.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нападнати од некаков спам ги пуштаат старите соопштенија, за три месеци го задолжија секое семејство за 15.000 денари

Нејасно е каква е поврзаноста на соопштението на СДСМ со фактите кои ги изнесовме, а  говорат дека Владата на СДСМ спровела  општ грабеж на народните пари за корумпирање на избори. СДСМ нападнати од некаков спам ги пуштаат старите соопштенија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаеме дека реакцијата на СДСМ ќе бидат преполни со невистини, општи флоскули и манипулации и без ниту еден осврт на фактите кои ги изнесовме. Нека посочат кој од овие факти ги демантираат.

Факт број 1:  За само три месеци од годината со цел поткуп на гласачи се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година односно неверојатни 120 милиони евра.

Факт број 2: За три месеци го задолжиле секое семејство за нови 15 илјади денари.

Факт број 3: Уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно, имено во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра беше сервисирање на буџетскиот дефицит односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци.

Факт број : Дупката во буџетот до крајот на годината која треба да се покрие поради неспособноста на Заев и Спасовски е 1 милијарда 376,2 милиони евра. Она што е сигурно дека спроведен е општ грабеж на народните пари преку криминални тендери и грантови, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус