петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата од претставници на СДСМ дека е организатор на протестите пред домовите на пратениците од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека насилничкото носење на неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност носи ризик по државата и може да предизвика дополнителни тензии, велат во партиското соопштение.

-ВМРО-ДПМНЕ апелираше за опасноста и чувствителноста на моментот. Нашите апели за жал беа игнорирани од владејачкото мнозинство, кое одлучи да оди спротивно на препораките на Претседателот на државата и експертската јавност. СДСМ одлучи да се коцка само заради зачувување на поддршката на нивната влада. СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби. СДСМ ги погази Уставот и законите и ги стави во сенка на коалицискиот договор со ДУИ, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата од претставници на СДСМ дека е организатор на протестите пред домовите на пратениците од СДСМ.

-Со ваквите конструкции СДСМ повторно се обидува да направи дефокус од антидржавните политики кои ги реализираат. ВМРО-ДПМНЕ не оправдува било какво насилство, без разлика што ваквата пракса на насилство ја наметна токму СДСМ, кои лично и преку таканаречената шарена револуција оштетуваа државен имот низ центарот на Скопје, протестираа пред домови на политичари и вербално ги напаѓаа на јавни места, заклучуваат од партија.

Коронавирус