петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со граѓаните, покачување на платите нема!

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека јасна е намерата на СДСМ да ги фингира податоците за просечната плата.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со граѓаните, покачување на платите нема!

СДСМ манипулира со граѓаните. Покачување на платите нема. СДСМ се обидува да ги фингира статистичките податоци за исплатената просечна плата во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пораст на платата нема. Има  само промена на методот на прибирање на податоците за плата. Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика просечната плата наместо преку хартиените обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти, премина кон користење податоци од административен извор – Управата за јавни приходи. Доказ дека нема покачување на платите е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата. Имено  доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот. Но податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека јасна е намерата на СДСМ да ги фингира податоците за просечната плата.

-Но СДСМ не може да ги манипулира граѓаните, бидејќи истите ги чувствуваат последиците од владеењето на економското цунам Заев, Тевдовски, Анѓушев, кои расипнички за само два и пол месеци ја задолжија државата за над 560 милиони евра,  ги зголемија акцизите за дизелот за 3.5  денари, не донесоа ниту една нова странска инвестиција, а иселувањето на младите не само што не го запреа, туку и го забрзаа.         Граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од расипничкото работење на СДСМ. Граѓаните секојдневно ја чувствуваат неспособноста на оваа власт, која треба што побргу да си замине, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус