недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе го пушти истото стерилно соопштение, што докажува дека раководството наместо на работа е фрлено на криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе го пушти истото стерилно соопштение, што докажува дека раководството наместо на работа е фрлено на криминал и корупција

Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија.

-И не дека сме видовити, туку ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, провива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал.

-Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, како и заклучокот дека нема ниту иднина, ниту ЕУ со криминал на кое посветено целото раководство на партијата на власт, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од европската унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус