недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја задолжи државата за милијарда евра, а не отвори ниту едно ново работно место

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека погубните економски политики на СДСМ допрва уште посилно ќе се чувствуваат.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја задолжи државата за милијарда евра, а не отвори ниту едно ново работно место

Граѓаните немаат никаква корист од лагите и празните ветувања на СДСМ. За 8 месеци владеење со државата СДСМ успеа да ја задолжи државата за цела милијарда евра, а притоа има отворено нула инвестиции и нула нови работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите говорат дека компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува од своите погони во Охрид. Компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“, своите одлуки за инвестиции ги донесоа во време на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека четири од компаниите кои ги прикажуваат дека ќе инвестираат или се веќе присутни во Македонија или чекаа со месеци Владата на Заев и на Анѓушев да дадат согласност. Штетата за жал од ваквото политикантство на СДСМ ја трпеа не само инвеститорите, туку и потенцијалните вработени. На народот му е кристално јасно дека СДСМ нема никаков План, туку се работи само за Законски измени од кои ќар ќе имаат 4 или 5 фирми, меѓу кои и тие на Кочо Анѓушев, а за сите останати тој ќе делува дестимулирачки. Тој дури и ќе делува контрапродуктивно врз домашните фирми, односно ќе создаде нелојална конкуренција за домашното стопанство, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека погубните економски политики на СДСМ допрва уште посилно ќе се чувствуваат.

-Граѓаните гледаат дека од ден на ден осиромашуваат, затоа што растат цените и инфлаторната спирала е засилена, а од друга страна платите и пензиите стагнираат. Ако на ова се додаде затворањето на фирми и отпуштањето на работници, прашање на време е кога повторно ќе се вратат времињата на транзицијата кога малкумина блиски до СДСМ се богатеа, а народот тонеше во немаштија и бесперспективност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус