сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја

СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-16 милиони евра платила државата за кражбата на струја од европската мрежа за само еден месец, дополнително се реализирани сет на купувања на струја од над 11 милиони евра и уште едно десетдневно резервирање од 12 милиони евра. Цената по која власта купува сега струја е и над 250 евра по мегават. Тоа е и над 5 пати од производствената цена на струјата во РЕК Битола или другите домашни капацитети. Но, наместо во РЕК, каде струја не се произведува затоа што од ЕЛЕМ и претпријатието не ископаа на време јаглен, сега се увезува скапа струја и се полнат приватни џебови. Стопанството веќе ја чувствува скапата струја. Домаќинствата допрва ќе го почувствуваат ударот. И на сето тоа ни се заканува и растечка инфлација и обезвреднување на парите. Стандардот на народот е се помал, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт на водена од кадрите на Заев не може да ја смени сликата и црната реалност. Затоа потребни се брзи избори и нова влада која ќе знае како да ја извади државата на вистински пат, додаваат од опозицијата.

Коронавирус