петок, 30. јули 2021. Вести денес: 106
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја опструира промоцијата на нашата програмата, сменета локацијата во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја опструира промоцијата на нашата програмата, сменета локацијата во Битола

Поради директни опструкции од СДСМ и власта во општина Битола раководена од Наташа Петровска, пред се поради нервозата предизвикана од престојниот пораз на изборите на ВМРО-ДПМНЕ не му беше отстапен јавниот простор пред домот на културата во Битола за промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ известува дека ќе ја промени локацијата на презентација, а во 13 часот ќе ја презентира својата предизборна програма на Плоштад „Магнолија“ во 13 часот.

-Крајот на СДСМ се ближи. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус