сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе државата до питачки стап

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе државата до питачки стап

СДСМ ја донесе државата до питачки стап. Лошиот менаџмент со државната каса ќе резултира со буџетска дупка од 1 милијарда евра само оваа година, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија. За на крај да признаат дека се соочуваме со катастрофа.

СДСМ не се водеше од интересот на народот, туку од теснопартиските пресметки.

Економијата е целосно притисната и без изгледи за раст.

Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега и приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период.

Македонија не може понатаму со СДСМ.

Заев и СДСМ мора да си заминат“ – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус