понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 122
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши противуставна и насилна промена на уставното име, оваа неправда треба да биде исправена

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши противуставна и насилна промена на уставното име, оваа неправда треба да биде исправена

СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.

Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине.