недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев демократијата и Собранието ги претворија во обичен пазар на кој се тргува со животни судбини и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев демократијата и Собранието ги претворија во обичен пазар на кој се тргува со животни судбини и државни интереси

СДСМ и Зоран Заев демократијата и Собранието ги претворија во обичен пазар на кој се тргува со животни судбини и државни интереси.
Заев за да си ја зачува сопствената кариера и бизниси, преку уцени и закани гази врз волјата на граѓаните кои јасно порачаа дека не се согласуваат со промена на името на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:

„Немајќи поддршка аболицираниот Зоран Заев ги стави во служба СЈО, Русковска обвинителството и Кацарска судството и преку нив уценува пратеници за да си ја обезбеди сопствената кариера и паричник на грбот на македонскиот народ и Република Македонија. Уцените и заканите не се европски вредности, како што европска вредност не е ниту продажбата на државните и националните интереси. Во Европа се оди со работа, подобар стандард, подобра инфраструктура, инвестиции, независни институции, намален криминал и корупција, а не со промена на името и идентитетот.“

-Црнилата и уназадувањето на секое можно поле кои ги донесоа Заев и СДСМ не може да се избришат со промената на името идентитетот, јазикот, културата и традицијата. Единствено со оваа валкана и нечесна игра Заев ќе избрише се што е македонско додека гледа како да си ја зачува фотелјата.
СДСМ и Заев не работат ниту за државата ниту за граѓаните, не се грижат ниту за државните ниту за националните интереси, единствено се грижат за сопствените бизниси и сметки, потенцираат од партијата.

„Овие црнила мора што поскоро да запрат, а тоа ќе се случи единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат. Граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ за сите злодела и црнила и тогаш ќе изгрее зората за Република Македонија.“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.