понеделник, 1. август 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се извор на кризи, за да може да се богатат нивните функционери, граѓаните тонат во сиромаштија и едвај преживуваат

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се извор на кризи, за да може да се богатат нивните функционери, граѓаните тонат во сиромаштија и едвај преживуваат

За да може да се богатат функционерите на СДСМ и ДУИ, македонските граѓани осиромашуваат и имаат се поголеми трошоци за живот. Граѓаните стануваат се посиромашни, не можат да си ги прехранат семејствата, а СДСМ и ДУИ се луксузираат со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цените на основните трошоци и потреби на граѓаните растат од ден на ден и некои поскапеа дури и за 100%, а власта нема намера да донесе некакви мерки да го ублажи ценовниот шок. Напротив и тоа нешто минимално што го имаше и тоа го укинаа и како да ги мразат граѓаните свесно дозволија да пораснат до таван сите трошоци.

Заради неодговорното и криминално однесување на СДСМ и ДУИ за неколку месеци лебот е поскап за 100%, млекото 15% маслото за јадење 70%, а дополнителен удар е што електричната енергија се покачила за 30% додека горивата речиси двојно поскапи.

И додека граѓаните се мислат како да преживеат, СДСМ и ДУИ се луксузираат со 5 милиони евра за службени возила. Во меѓувреме си набавија златен прибор за јадење, потрошија милиони на мебел, но и за лажни физибилити студии за да може да се богатат нивните функционери, стои во партиското соопштение и се додава:

„И бидејќи не сакаат да се откажат од луксуз не го прифаќаат Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за акцизите, со кој треба акцизите на течните горива да се намалат 50%, и Законот за ДДВ, со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5 на 0%, а на горивата од 18 на 5%, и со тоа да се намали ценовниот шок.

Да биде ситуацијата полоша Македонија е во врвот според годишната стапка на инфлација во Европа, а новите најавени покачувања на струјата државата ќе потоне во уште поголема криза.

Затоа велиме премногу е! СДСМ и ДУИ се извор на кризи. Затоа повикуваме на Протест за промени на 18 јуни и предвремени избори, кои се решението за излез од кризите“.

Коронавирус