недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Анѓушев ги излажаа бизнисмените

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Анѓушев ги излажаа бизнисмените

СДСМ и Анѓушев ги излажаа бизнисмените. Ветија 20 милиони евра за стимулирање на МСП во првата година, со раст до 50 милиони евра до крајот на мандатот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– МСП не добија финансиски стимулации минатата година. Финансиските стимулации кои ги даваат сега се половина од предвидените за првата година од мандатот. Иронијата е поголема и заради тоа што СДСМ ги нема предвидено ниту овие 10 милиони евра во Буџетот за годинава. Долгите прес конференции и лагите на Анѓушев нема да го прикријат фактот дека СДСМ ги излажа граѓаните. Ветувањата на СДСМ издишаа како пукнат балон. Стимулациите кои ги ветува Анѓушев  не се усогласени ниту со трговските договори кои ги има склучено Република Македонија, како ЦЕФТА, ЕФТА, договорот за слободна трговија со ЕУ и СТО, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека долгоочекуваниот план на  СДСМ кој го најавуваа за финансиска поддршка за  инвестициите е катастрофален и е во колизија со неколку постоечки закони во Република Македонија.

-Наместо да креира  работни места тој ги одвраќа инвестициите и предизвикува нивно одлевање во соседните земји. Претпријатијата очекуваат вистинска помош. Претприемачите очекуваат СДСМ да го реализира ветеното, а не да ветува половичо од првично ветеното, се наведува во реакцијата.

Коронавирус