петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го штити криминалот, зошто никој не е затворен за убиството на младиот Јанушев?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го штити криминалот, зошто никој не е затворен за убиството на младиот Јанушев?

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Александар Нацев

Зошто никој не е затворен за убиството на младото момче Мартин Јанушев и кој ги крие неговите соработници и оние кои му помогнаа да избега?

Ова е показател дека меѓу СДСМ и криминалот има знак на еднаквост. СДСМ го штити криминалот. СДСМ се надева дека медиумите под страв од власта ќе престанат да пишуваат и да бараат одговорност за нерасчистеното убиство во Струга, Чаир и секаде низ државата.

За сите скандали заедничко е дека сторителите и нивните соработници се на слобода, никој од МВР не презема одговорност, а медиумите молчат.

СДСМ може да се обидува да ги лаже граѓаните со манипулации и да одговара во името на министерството за внатрешни работи, но тоа не ја менува фактичката состојба.

Фактичката состојба е дека граѓаните секојдневно се жртви на нарушената безбедносна состојба и коалицијата на СДСМ со криминалот. Секојдневно се множат нападнатите во разбојништва, рекет, насилства, грабежи и другите дела кои остануваат нерасчистени.

Зошто МВР молчи колку кривични пријави има од областа на насилниот криминал и од областа на имотните деликти кои се случиле минатиов период?

Колку од тие дела се расчистени? Колку од делата се сторени од криминалците амнестирани од Зоран Заев?
Одговорот на СДСМ е доказ дека МВР веќе не постои како државна институција туку функционира само како партиска организација на СДСМ.

Коронавирус