понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ

Сегашноста е мачна, а иднината неизвесна со СДСМ на власт. Работниците работат по 12 часа за потпросечни плати, младите секој ден се со мисла да ја напуштат татковината,  а невработените никако да добијат шанса, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повеќе од година ипол откако СДСМ е на власт, државата не само што не тргна кон подобро, туку ситуацијата дополнително се влоши. На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 – тите не убедуваа дека само да ја  прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот,  па  територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо. Животите на генерации Mакедонци од 91 – та до денес поминаа во тага, безнадежност и безперспективност. СДСМ е партијата која ги приреди сите понижувања на државата. СДСМ е повторно таа која сега неубедува дека ќе ни биде подобро, иако вршиме промена на името, идентитетот, историјата и културата на  нацијата, нешто што е вековно обележје на суштествувањето на  еден народ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и додека штетните политики ги правдаат со декларативните заложби за ЕУ и НАТО интеграцијата на  земјата, во  реалноста прават невиден криминал, се делат  милионски тендери на партиски луѓе, ќерка директор дава тендер на татко бизнисмен и што ли уште не. Народот пати и не гледа како со ваков криминал државата може воопшто да функционира, а не пак да влезе во ЕУ.

-Овој договор е штетен и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, исто  како што е штетно владеењето на СДСМ со Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има демократски став, кој остава  на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на референдумот. Граѓаните треба да имаат услови  за непречено дејствување согласно нивната волја и убедување. Ниту СДСМ ниту било кој смее да влијае на граѓаните. Овој хаос мора да запре. СДСМ мора да си замине, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус