недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 34
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници

СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници. Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието на Република Македонија е тотално непотребно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ создава само дополнителен трошок.

-Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. Вкупниот трошок за двата нови потпретседатели изнесува 8.000 евра. Тоа се 8000 евра месечно, пари кои можат да се вложат во здравството, образованието, во отворање на нови работни места и за голем број други проекти. Наместо на развој СДСМ сепак се реши овие пари да ги потроши за измислените функции на Ременски и Мисовски. Одлуката да се именуваат нови 2 потпретседатели на Собранието не создава додадена вредност, туку е уште еден удар по џебот на граѓаните од страна на власта, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ова е сосема спротивно од заложбите на СДСМ пред изборите. Пред изборите ветуваа намалување на непродуктивното трошење, сега го зголемуваат.

-СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваат врз граѓаните и ја води државата кон амбис од кој нема враќање назад. Се троши за непродуктивни и луксузни работи, а пари за реалните потреби на граѓаните нема, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести

Коронавирус