четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 18
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?! Се вели во партискот соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано. На Спасовски не му поминуваат лагите. Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години. Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата. Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР. Спасовски да не се крие и да излезе со одговори. Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор, истакнуваат од опозициската партија.

Македонија со Спасовски стана наркомека, додаваат од таму.

Локални избори 2021