среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги закочи сите проекти во инфраструктурата, а немаат почнато ниту еден километар нов пат

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги закочи сите проекти во инфраструктурата, а немаат почнато ниту еден километар нов пат

Денешната прес-конференција на министерот Благој Бочварски ја потврди безидејноста на СДСМ во реализацијата на ветувањата пред изборите. СДСМ ги закочи сите инфраструктурни проекти. Веќе 4та година на владеење на СДСМ немаат прогрес за автопатот од Кичево до Охрид а сепак повторно ветуваат негова изградба и завршување. Да беа сигурни во своите квалитети и работоспособните ќе дадеа и рок на завршување на градежните работи. Но и понатаму ништо од тоа. СДСМ немаат капацитет да го завршат автопат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нивната неспособност и криминални навики резултираше и со откажување на фирмата изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп.  Иако сега повторно ветуваат негова изградба. Овој пат е започнат од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и до сега ќе беше завршен, но и овој експресен пат СДСМ нема капацитет да го доврши. СДСМ продолжуваат да ја ветуваат пругата кон Бугарија иако цел мандат немаат веќе никаков прогрес, а поради нереализирани а преземени обврски од страна на владата фирмата изведувач еднострано го раскина договорот за изведба на оваа пруга. Гасификацијата и натаму е тема на ветувања од страна на СДСМ а сепак за цел нивен мандат ниедно домаќинство не се приклучи на ново изградената мрежа, посочуваат од партијата.

Од таму обвинуваат дека СДСМ уште не може да доврши проекти во инфраструктурата кои ги осмисли и започна ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ е во својот втор мандат нема започнато ниеден километар автопат кој тие го проектирале и првично започнале со работа. Изградбата на 550км автопатишта, 600км експресни патишта и 1000 км локални патишта ќе остане запишано во историјата како најголемо лажно изборно ветување од страна на Зоран Заев. Лагите на СДСМ во новиот мандат се само надградени и проширени. Тоа е тоа што СДСМ најдобро го умее. Затоа криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус