понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 55
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е вистинска временска непогода за македонското земјоделство

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион се оставени без помош од државата во услови кога нема откуп за нивниот производ и повеќе од половина од минатогодишната реколта им скапува  по амбарите.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е вистинска временска непогода за македонското земјоделство

СДСМ е вистинска временска непогода за македонското земјоделство. СДСМ и Николоски скратија 24 милиони евра од ветениот Буџет за земјоделски субвенции.  СДСМ и Николоски од ветените 160 милиони евра за земјоделски субвенции, одвоија само 136 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ и Николоски во агонија со години ги држеа земјоделците во Република Македонија. Тутунарите беа  заборавена категорија, оставени без грижа од државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатата имаше особен фокус на тутунарите. ВМРО-ДПМНЕ во период од 2010 до 2015 година  годишно за тутунопроизводителите одвојуваше помеѓу 20 и 30  милиони евра. Тутунарите кои беа заборавена категорија земјоделци добија фер и нормални услови за производство, со што производството на тутун повторно гарантираше нормална егзистенција. ВМРО-ДПМНЕ 10 години водеше политика за унапредување на земјоделството на сите нивоа. СДСМ сега наместо да продолжи по патот на успешните политики во голем дел го запостави земјоделството, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион се оставени без помош од државата во услови кога нема откуп за нивниот производ и повеќе од половина од минатогодишната реколта им скапува  по амбарите.

-Производителите на пиперка во Пелагонија, поради немање на откуп кој беше најавуван од СДСМ не можеа да го продадат својот производ, па десетина тони висококвалитетна пиперка скапа по нивите. Земјоделците од целата држава се соочуваа со ниски цени на откуп. Голем дел од земјоделските производи остануваат и неоткупени. СДСМ  ветуваше откупни центри и поголеми откупни цени. Земјоделците се соочуваат со немање на откуп и катастрофално ниски цени за производите и местата кај што го има, заклучуваат од партијата.

Коронавирус